Неодиграниот натпрвар од 14 коло помеѓу Милано и Пелистер е регистиран со службен резултат 3:0 за домаќините. Бодовите добиени на зелена маса се први за минатогодишниот вицепрвак.

Во неделата битолчани не се појавија на теренот во Куманово во предвидениот термин за одигрување на натпреварот со Милано. Дел од раководство се приклучи на екипите кои ги бојкотираат средбите организирани од ФФМ, додека фудбалерите и стручниот штаб сакаат да играат.

Пелистер вчера го одигра натпреварот од купот против Дрита со што со тоа избегна исклучување од лигата.

ohridnews