СВР Охрид ја известува јавноста дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09.2026 година, со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.

Упатуваме апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, додаваат.
OhridNews











