Денеска од 08:00 часот, редовниот состав полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето “Бејбунар“ во Охрид, одржува вежбовна активност со боево гаѓање.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи презедоа безбесносни мерки, извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.

СВР Охрид апелира до граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

OhridNews