Денес полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Охрид, на стрелиштето „Бејбунар“ спроведуваат вежбовна активност за боево гаѓање, информираат од СВР Охрид.

Оваа активност, велат, се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”, додаваат од СВР.

OhridNews