РЦ за ГР „Запад“ поднесе кривична пријава против албанските државјани Е.Л.(39) и Д.Т.(26) за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 20.05.2012 година, во 23,30 часот во водите на Охридското езеро наспроти селото Трпејца, на оддалеченост од еден километар од граничната линија со Р Албанија, од страна на полициски службеници пријавените биле затекнати во чамец со 25 рибарски мрежи и друга риболовна опрема како вршат незаконит риболов, а при извршен преглед во чамецот биле пронајдени и 22 парчиња риба „охридска пастрмка“ со тежина од 8,4 килограми и три парчиња риба „клен“ со тежина од два килограми. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по осум дена.
РЦ за ГР „Запад“ поднесе кривична пријава и против Д.С.(48) од с.Радожда за сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 12.05.2012 година, на брегот на Охридското езеро кај с.Радожда, од страна на полициски службеници од ПС „Франгово“ пријавениот бил затекнат во пловен објект во кој биле пронајдени три рибарски мрежи во кои имало два килограми риба „белвица“.
Кривична пријава за незаконит риболов заработија и Р.Ц.(27), Д.Т.(30) и Д.М.(18), сите од с.Мешеишта. Тие на 13.05.2012 година, биле затекнати кај населбата „Елен Камен“со три рибарски мрежи, една сачма и 1,2 килограми риба „клен“.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.