Богат викенд исполнет со добра музика, многу забава и квалитетна храна ги очекува охриѓани.

Забавата стартува во Бистро Корнер. Во 17:30 часот на „афтер ворк“ забавата ќе настапат Икс бенд од Битола.

Вечерва, во „Куба Либре“ настапува групата „Shine“. Забавата започнува во 22 часот.

На 7 и 8 февруари, сладокусците во Охрид ќе имаат извонредна можност да уживаат во врвно подготвени специјалитети од Италијанската кујна. Тие ќе можат да вкусат храна подготвена според оригинални рецепти на една од најпознатите и најомилени кујни во светот, која ќе биде послужена на италијански начин.

Настанот ќе се одржи во ресторанот „Скај Корнер“ со почеток во 21.30. За атмосферата ќе се погрижи музичкиот уметник Горан Папаз со поддршка на диџеј.

Во сабота, 8 февруари, во „Куба Либре“ за ритамот задолжен е Dj Buce.

Во култниот Аквариус во сабота, 8 февруари, ќе настапи групата Броз.

Забавата почнува во 22 часот.

На 9 февруари, во Бистро Корнер има староградска музика, додека во Sky Corner неделата е резервиран за одличен ручек со семејството или пријателите: Цвекло салата, Пилешка супа, Пастрмка со спанаќ и компир салата и Колач со путер од кикирики.

Ваше е само на време да резервирате маса за неделниот ручек во „Скај Корнер“.

OhridNews