
Во Охрид за прв пат ќе настапат големите класични музичари Брезовски, Георгиу, Мидори и Лесковар , како и плејада нови музички имиња кои се актуелни на светската сцена во моментов. Меѓу нив посебно внимание прилекуваат рускиот пијанист Борис Березовски кој настапувал кака солист со њујоршката филхармонија, оркестарот Филаделфија, Ротердамската филхармонија и со диригенти како: Курт Мазур, Владимир Ашкеназии и други.
Во Охрид ќе ја видиме и виолинистката Џото Мидори која дебитирала на големата сцена на единаесет годишна возраст со големиот диригент Зубин Мехта, како и хрватската челистка Моника Лесковар зад чие име веќе има бројни на интернационални натпревари.

На 4 август во Античкиот театар ќе настапи најголемата светска акапела атракција, култниот вокален состав “The Swingle Singers“. Оваа група постои од 1962 година и брои осум пејачи. Репертоарот на групата вклучува класична, џез, латино, поп и рок музика придружувана од вокална ритам секција. “The Swingle Singers“ настапува низ целиот свет, зад себе има над 50 албуми и има освоено пет награди “Греми“.











