Охрид

Од 03.01.2020 - 20:00 до 05.01.2020 - 17:00

Нова година, нови желби и нова енергија. А се е подобро кога има добра забава. Неа во популарните места за излегување во Охрид, ќе ја има во изобилство во првиот викенд од Новата година.

Во рамки на празничната понуда на градот Охрид, вечерва, на плоштадот „Св. Климент Охридски“, сет одлична ретро музика под отворено небо ќе изведе диџеј Ванчо.

Овој петок, 3 јануари, во Бистро Корнер настапува музичкото дуо Димитар и Лазар.

Забавата почнува во 22 часот.

Култната охридска кафе тераса „Аквариус“ забавите во новата година ги почнува со популарниот бенд „Броз“. Момците од „Броз“ настапуваат во „Аквариус“ и во првиот викенд од новата година, овој петок, 3 јануари, од 22.30 часот.

„Броз“ во „Аквариус“ ќе настапат и во недела во 13 часот на голема празнична денска забава.

Резервации на тел. 075 425 251.

Овој петок, 3 јануари, празнична забава со Ѓоко Танески во „Куба Либре“ со најголемите музички хитови и безвременски песни.

Забавата почнува во 22 часот.

Oвој петок, 3 јануари, во клубот Хавана Куба Либре, настапува Dj Ace Mice – “hip hop party”.

Забавата почнува во 23 часот.

Во сабота, 4 јануари, во Бистро Корнер настапуваат Пикси и Ване.

Забавата почнува во 22 часот.

Oваа сабота, 4 јануари, одличниот музички состав „Деспина“ настапува во „Sky Corner“.

Забавата која ќе ја загрее атмосферата пред божиќните празници во градот, почнува во 22 часот.

Oваа сабота, 4 јануари, во клубот Хавана Куба Либре, настапува Dj Milojevich – “Latin & hip hop party”.

Забавата почнува во 23 часот.

Во „Скај Корнер“, на 5 јануари, недела, сладокусците повторно ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек: Туршија салата, Крем супа од карфиол, Јунешки мускул во сос и кремаста палента и десерт Крем бруле.

Ваше е само да го изберете друштвото и на време да резервирате маса за неделниот ручек во „Скај Корнер“.

За културните и забавните настани и другите случувања во градот редовно информирајте се во рубриката Што, Кога, Каде и низ содржините на нашиот портал.

OhridNews