Богата програма на Балканскиот фестивал на народни песни и игри
17.06.10 16:20
Од 6- ти до 11- ти јули, на сцената на Долни Сарај, ќе се одржи 49- тото издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Предвидении се настапи на ансамбли од Балканот, но и останатиот дел од Европа и светот.
– Годинава, како и секогаш, имаме интересна програма, од интернационален карактер, со задолжително присуство на балканските и европските зејми и бројни учесници, со што го потврдуваме интернационалниот карактер на овој фестивал, потенцира директорката на Центарот за култура Григор прличев, Драгана Боцеска.
Ќе учествуваат ансамбли од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Чешка, Австралија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и од Македонија. Ансамблот , „Танец” ќе го отвори фестивалот, а ќе настапат и ансамблите- „Пирин“ од Бугарија и „Мирка Митровиќ Јарац” од Србија.Како што истакна Боцеска, во тек се и подготовките за јубилејното издание на фестивалот кое ќе се одржи наредната година.
Балканскиот фестивал за народни песни и игри го организира Центарот за култура „Григор Прличев” од Охрид, со подршка од Министерството за култура, а под покровителство на Собранието на Република Македонија.
Влезот за петте фестивалски вечери ќе биде слободен, а програмата ќе започнува во 21 часот.
Проектот „Охрид In Situ – архитектура, континуитет и мудрост на местото“, на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата „Континео“ од Скопје, ќе ја претставува Македонија на 20 Инт...
На 29092026 во 13:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ирина Гинова Мирка“ во Охрид, едно лице физички нападнало 73-годишно лице, двајцата од Охрид Таа се здобила со телесни повреди,...
За десетина дена треба да завршат градежните активности во поткровјето на охридската Гимназија, а следната година ќе продолжат и другите активности Веќе е изработен проектот за реконструкција на фа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.