По повод Божиќните пости, најголемиот производител на леб и печива А.Д. „Жито Леб“ од Охрид, нуди богата програма на посни пецива кои може да се набават во Млечните ресторани „Bake&Cake“ и во дел од малопродажната мрежа.
За верниците кои постат без масло, на понудата се традиционалниот Варен ѓеврек, Био-ѓеврекот и Посната торта без масло.
Во посната програма со масло, љубителите на солени пекарски производи може да ги вкусат баничките со компир, зелка, праз и спанаќ.
Во делот на пецива од посната програма актуелни се Интегралното пециво со растителен кашкавал и печурки, Кроасанот со печурки и Интегралното пециво со маслинка.
Во рамки на слатката програма на пецива, достапни се Штрудла-бурекот со тиква и јаболко, Баничка со јаболко, Крофна со мармалад, Штрудла со вишна и јаболко и пецивото Чоколатка.
Освен овие производи на понудата на „Жито Леб“ се и голем број други посни пецива и кифли, кои секојдневно се достапни во млечните ресторани.
Исто така во моментот актуелна е и понудата „Тазе леб со сусам“, кој се пече во млечните ресторани за 10 минути. Лебот може да се купи во секој дел од денот, а за поголема количина пожелно е да се направи нарачка. Тазе лебот е со тежина од 350 грама и чини 25 денари.
OhridNews