Одбележувањата ќе започнат со полагање ловоров венец и свежо цвеќе пред неговата биста во дворот на основното училиште Григор Прличев. Ќе биде извршена и презентација на нови технологии во наставата по ТО, а ќе се промовира и книгата ” Седумте желби ” од Дамјана Видическа. Вечерта, ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ ” Григор Прличев”.
Во сабота, на 5 февруари во 11 часот ќе биде отворена изложба на ликовни дела од колекцијата на Центарот за култура, по што ќе биде промовирана и книгата „Жезлото на Свети Климент“ од Никола Бошале. Ќе биде претставена и поемата „Адам од Говрлево“ од Милован Стефановски, добитник на наградата „Григор Прличев“ за 2010 година.
Традиционалната Прличева визита ќе се одржи во сабота во 18 часот, а во нејзини рамки ќе се одржи трибина на тема „Охридските писатели во македонската литература за деца“.
Панихида на гробот на Григор Прличев ќе се одржи в недела напладне, а еден час подоцна пригодна програма ќе има и во Спомен-куќата на Григор Прличев.