Во рамки на свеченоста посветена на лауреатот, ќе биде прикажана кратка двд проекција според наградената поема “АКО” од Трајче Кацаров -“1762 лето”, носител на наградата Григор Прличев 2011 кој се очекува да се обрати пред присутните гости.
Предвиден е и настап на хорот при Центарот за култура, беседа ќе одржи Ристо Јачев, а ќе биде врачена и повелбата и наградата за најдобра поема “Григор Прличев” за 2011 год.
Традиционално како и секоја година, ќе биде објавен и конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2012 година.
Прличевите беседи ќе започнат во 13 часот во изложбениот салон на Центарот за култура.
Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.