Во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival покрај 17-те спортски настани, предвидена е богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.
Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 21-ви август (понеделник) со концерт на поп пејачот Ѓоко Танески.
На 22-ри август (вторник) ќе биде организирана изложба „Флора и фауна од Охридско Езеро“ и „Потонато културно историско богатство“, а за музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи ДЏ Ванчо Плеј.
На 23-ти август (среда) во текот на денот ќе биде организиран отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод, а текот на вечерните часови ќе се одржи панел дискусија на тема „Охридското Езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“. Во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи ДЏ Багзи.

На 25-ти август ќе биде поставена изложба „Рибите од Охридското Езеро“. Истиот ден во организација на ОФВ и SLOW FOOD Охрид ќе се одржи промоција на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера ќе се погрижи ДЏ Rootboy Selector.

Фестивалот ќе финишира на 27-ми август (недела) со концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.

OhridNews












