„Гимназијадата“, подготовките на кошаркарската репрезентација на Македонија, Светското првенство во ракомет за жени кадетки се наоѓаат на богатата спортска агенда на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

– За прв пат нашиот град ќе биде домаќин на „Гимназијадата“ каде ќе продефелираат повеќе од 1000 спортисти, а ќе се натпреваруваат во шест дисциплини. „Гимназијатада“ ќе биде само почеток на големите спортски настани кои ќе бидат од масовен карактер – рече в.д директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.
На средината од месец јули спортската арена „Билјанини Извори“ ќе биде дел од подготовки на кошаркарската репрезентација на Македонија. Кошаркарите покрај тренинзите ќе одиграат и три контролни натпревари против (16 јули), Грузија (17 јули) и Австрија (18 јули).
– Ќе ни биде чест и задоволство што дел од подготовките на кошаркарската репрезентација ќе се одвиваат во Охрид. Со тоа ние ја продолжуваме одличната соработка со Кошаркарска федерација на Македонија бидејќи неодамна Охрид беше домаќин на завршницата од Купот – додаде Мишев.

– Во екот на туристичката сезона Охрид ќе биде домаќин на ракометно натпреварување од светски рамки. Со тоа ќе потврдиме дека ракометот е спорт број еден во Охрид и Македонија – потенцираше в.д директорот.
Во текот на летото на базенот ќе се одржи пливачкиот митинг и игри на вода, а по завршување на сезоната во екипните спортови ќе има турнир во ракомет, фудбал и кошарка.
Мх.П.











