Од 16 до 30 август Охрид повторно ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма во градот. Годинешното, трето издание ветува богата спортско-рекреативна и социјално-едукативнaта програма.

Програмата со социјално-едукативна содржина започнува на 27 август со изложба на Нуркачкиот центар Акватек и концер на групата „Фузија“. Следниот ден, 28 август, програмата започнува со изложбата „Видови риби во Охридско Езеро“, по што следуваат концерт на Распеано рибарче, промоција на пливачи на Охридскиот маратон и документарниот филм „70 години маратонско пливање“. На 29 август предвидени се настаните 30 години УНДП во С. Македонија и изложбата „Патување по синилото: Св. Наум до Радожда“.
Сите настани од социјално-едукативнaта програма на Ohrid Water Festival ќе се одржат на „Кеј Македонија“, пред хотел „Палас“.
Фестивалот е под покровителство на Општина Охрид, а неговата основна цел е промоција на водените спортови, афирмација на уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува градот.
Н.С.Ј.

















