Најразновидни производи за домаќинство, предмети за во кујна, градина, дневна соба, постелнини, детски играчки и уште многу други производи, од викендов, на едно место ќе може да ги набават и стружани во новиот АТВА Home Center.

Продажниот салон во Струга кој нуди широк асортиман на домашни и странски производи по најповолни цени и со беспрекорна услуга, ќе биде отворен утре во 12 часот.

Новата продавница на фирмата АТВА од Кичево, која постои на пазарот 23 години, во Струга се наоѓа на улицата Маршал Тито број 117.

OhridNews