Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ќе ги одбие богатите понуди од Катар и Кина и ќе ја заврши сезоната во Џенова. Пандев посакува да ја заврши кариерата во Џенова, но подготвен е да одигра уште некоја година.

Пандев во Џенова се пресели 2015 година од Галатасарај, а претходно во Серија А играше за Наполи, Интер и Лацио.

  • Симпатизерите ме почитуваат, а јас сум горд што успеав да стекнам доверба. Сакам да останам во Џенова до крајот на кариерата. – изјави Пандев.

35-годишниот фудбалер во 14-ет настапи сезонава за екипата на Џенова има постигна два погодоци.

OhridNews