По неуспешниот обид за ангажман на Немања Видиќ, богатите руси од Анжи се вртат кон нов фудбалер исто така од тимот на “црвени ѓаволи“, Вејн Руни.

Спортскиот директор на Анжи, Роберто Карлос ја потврди заинтересираноста за англискиот напаѓач. Неговиот трансфер од Манчестер Јунајтед во редовите Анжи, би ги чиниле русите неверојатни 70 милиони евра.

Пред две сезони по недорзбирањата со менаџерот на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, Руни сакаше да ја промени средината. Најгласен за доведување во своите редови беше градскиот ривал на Јунајтед, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

После долги разговори Руни и Фергусон ги надминаа проблемите и напаѓачот потпиша пет годишен договор.

Мх.П.