Поранешниот разузнавач кој минатата недела во интервју обелодени опасни информации за врвот на ВМРО-ДПМНЕ, во понеделник треба да се појави во Основниот суд Скопје 2, откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот министер од оваа партија, Муса Џафери поднесоа тужба за клевета против него, jaвува „Макфакс“.
Тужбата е поднесена за сведочењето на Богоески пред американската комисија за хартии од вредност пред окружниот суд во Њујорк каде Богоески тврдеше дека поранешните директори на „Маѓар Телеком“ дале поткуп на тогашниот премиер Владо Бучковски и на претставниците на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери за да не влезе друг телекомуникациски оператор во Македонија.
САД ги сомничи Елек Штрауб, Андраш Балог и Томаш Морваи дека кон крајот на 2004 година се вклучиле во шемата на поткуп на македонските политичари, односно дека Бучковски, Ахмети и Џафери зеле по 2,5 милиони од „Маѓар Телеком“.
Во Основниот суд Скопје 1 паралелно се води процес против тројца поранешни директори на Македонски Телеком, Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјакус кои се обвинети дека ја злоупотребиле служебната положба префрлајќи пари на разни сметки.
Но, судењето постојано се одложува бидејќи обвинетите не се достапни за јавноста. Богоески детално ги опишува сите операции и активностите во кои учествувал како посредник, ангажиран од контроверзниот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.
OhridNews
извор: „Макфакс“