Моторот на охридскиот Амак СП, Ефтим Богев има бројни трофеи во својата кошаркаска кариера,а списокот го докомплетираше неодамна со Куп трофејот и МВП наградата која недостаигаше во неговите витрини. Богоев (28 г) порачува дека тренингот и упорноста се тајната успехот. Одличните изднанија на купот во Охрид , ги распламтија очекувањата на струмичанецот за кам- бек во националниот состав.
– Она што во овој момент ми е најбитно е успехот на клубот за кого играм а сето останато ќе си дојде само по себе. Секое мое влегување на тренинг е со една цел-да го дадам својот максимум. Само со многу работа се стигнува до репрезентативниот дрес. Голема желба ми е да заиграм на ЕП во Полска, работам напорно и се разбира очекувам. шанса ако ништо друго барем да бидам дел екипата која ќе оди на подготовки за да покажам што знам. Свесен сум за моите квалитети и мислам дека треба да бидам во конкуренцијата за репрезентативниот дрес.
По распадот на Струмица изгубивме сите, квалитативниот пад на кошарката е евидентен, а цените на играчите одат надолу. Ваквата ситуација во мак баскетот го тера Богоев своите погледи да ги заврти кон надвор.
– Имам двегодишно меѓународно искуство бев во Грција и се надевам дека следната година ќе се испробам во некоја екипа во странство. Засега имам некои понуди но сеуште не се конкретни. Работам на тоа барем уште две-три години да играм во некоја странска екипа.
Амак во наредното коло од шампионатот утре му гостува на МЗТ Скопје.
Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во последниот натпревар пред паузата во првенството во Супер лигата Вечерва во Радовиш Охрид славеше над истоимениот домаќин 14:37 Во првенството сл...
Ракометарите на Охрид во рамки на 18-то коло од Супер лигата денес гостуваат во Радовиш Се надеваат дека со победа ќе ја завршат најуспешната полусезона досега Натпреварот се игра во СРЦ „25 Мај“ в...
Свечен пречек за ученикот Владимир Димитриевиќ по повод неговиот исклучителен спортски успех и освојувањето на бронзен медал на Светскиот ИТФ куп во Солун Медалот го освои на престижниот меѓународе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.