Претседателот на здружението „Богојавление“, Љупчо Арнаудов, информира за покренатата иницијатива на здружението, за поставување на споменик на Христо Узунов во Охрид. Имено, станува збор за споменик–дел од проектот „Скопје 2014“, за кој од здружението сметаат дека треба да биде дислоциран од Скопје и да биде поставен на малиот плоштад што го носи името на овој револуционер во Охрид.

Барањето „Богојавление“ го упатува до локалната самоуправа и охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.

Веруваме дека сега се создадени услови, да се обратите до градоначалникот на град Скопје, а исто и до владата на Македонија, како тие би го разгледале ова барање, се наведува во барањето испратено до градоначалникот.

Од „Богојавление“ потсетуваат дека пред шест години, од страна на советот на општина Охрид била донесена одлука за изградба на споменик на големиот револуционер Христо Узунов.

OhridNews