Организациските подготовки за одбележување на христијанскиот празник Водици 2014, се во полн ек. На оваа тема деновиве во ресторанот Св. Софија дискутираа членовите на Здружението „Богојавление“. Оттаму информираат дека согласно традицијата, претстојниот празник ќе биде одбележан достоинствено согласно православните црковни обичаи, а манифестацијата ќе биде збогатена со пригодни свечености.
Празникот Водици паѓа во недела, поради што понеделникот е неработен ден, па оттаму се очекува голем број гости да допатуваат во Охрид. На 4-ти декември, на празникот Пречиста, ќе биде официјализирано новото кумство, со што и формално ќе започнат церемониите поврзани со одбележувањето на големиот празник. Како што е познато нови кумови на Водици ќе бидат актуелниот градоначалник Никола Бакрачески и неговиот пријател Сашо Симески, со кој првиот човек на Охрид е кумски поврзан во приватниот живот.
Во тек е подготовката на програмата за одбележување на богојавленските празници, кои како што неофицијално дознаваме, ќе бидат збогатени со голем концерт. Голем број пригодни манифестации се предвидени и за Денот на рибарите, кој традиционално на 20-ти јануари, ќе биде одбележан со неколку тони рибна чорба.
OhridNews
Вредна донација за детската градинка „Јасна Ристеска“ од кумот на Водици