Православните христијани на 19-ти јануари го одбележуваат големиот верски празник Богојавление – Водици. Оваа традицијата особено се почитува во Охрид, каде со децении во поранешниот систем, охриѓани скришум в зори го фрлалаа чесниот крст во Езерото. Водици денес е празник и неработен ден за православните христијани, кој се одбележува свечено на градското пристаниште, каде стотици млади скокаат по светиот крст. „Фаќачот“ заедно со неговата тајфа ја пее песната „Во Јордание“.
OhridNews