Денеска е Водопост – строг пост. По тој повод утрово (7ч.) се одржува света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид. На Плаошик литургијата почнува еден час подоцна.

На 19-ти јануари, Богојавление – Водици, петок, ќе има света архиерејска златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско со почеток во 08:00 часот. Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8 часот, освен на Плаошник. Во 9.45 часот ќе следи поаѓање на литиите кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши големиот богојавленски водосвет и ќе се фрли крстот во осветените езерски води.

Во 12 часот ќе се одржи и традиционалното групно крштевање на Сараиште.

OhridNews