Улицата ,,Богомилска” или кај oхриѓани позната како ,,Букли сокак” во последниот период е вистински кошмар за сопствениците на моторни возила кои живeат во овој дел до Охрид.  Тие се жалат дека улицата е ошетена во целата своја должина, од пресекот со улицата ,,7-ми Ноември”  да се до пресекот со улицата ,,Даме Груев”. Според нив особени оштетувања има пред влезот во стамбениот комплекс ,,Христо Узунов”, каде што е отворена голема дупка.

– Дупкава од ден на ден беше се поголема, па пред извесно време некој се сети и  ја пополни малку со земја. Ги искршивме автомобилите, а оваа уличка ни е најпристапниот пат до дома, така што сме принудени секојденвно да поминуваме тука. Буквално целата улица одамна ”плаче” за санација, вели жител на населбата ,,Христо Узунов”.

Тој апелира до надлежните служби во најскоро време да ја преасфалтираат улицата или барем да ги пополнат најудраните дупки и пукнатини.

OhridNews