Со четири средби од осминафиналето вечерва почна нокаут фазата на 27-то издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино. Пласман меѓу осумте најдобри обезбедија: Чардак Велгошти, Хотел Тино, Брумел и Екстра Скопско.

Резултати петок 22.08.2025

Чардак Велгошти – Дејан Војвода 4:1
Мешеишта – Хотел тино 0:2
Брумел – Гранит Х 1:0
Др. Баткоски – Екстра Скопско 1:7

Преостанатите осминафинални средби се играат во денеска.

Распоред на натпревари 1/8 финале – сабота, 23.08.2025

20:00 Аце Најдески – Том Гор
21:00 Инекс Олгица – Гостилница Кај Мече
22:00 Сатеска – Бел Мерцедес
23:00 Кафе бар Лавадо – Дооел Ноче

Г.М.