Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27 јули 2018 година (петок), во црквата „Света Богородица Болничка“ во Охрид, со почеток 18:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.мч-ци Кирик и Јулита“.

28. јули 2018 година (сабота), со почеток во 7:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба и света божествена литургија, по завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews

OhridNews