По повод празникот „Св.маченици Кирик и Јулита“, на 27 јули (сабота) 2019 година, во црквата „Света Богородица Болничка“ – Охрид, со почеток 18:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба , информира Дебарско – кичевската епархија.

На 28. јули, недела, со почеток во 07:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба и света божествена литургија. По завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува своите православни верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews