По повод празникот на „Свети Прохор Пчињски и пренесување на моштите на свети Јован Рилски“, во четврток, 1-ви ноември, со почеток во 9 часот, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews