По повод празникот Свети врачи Козма и Дамјан, на 14-ти ноември, недела, во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ – Варош, ќе се служи света архиерејска литургија.
Богослужбата почнува во 9.00 часот, а ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.












