Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 6 март 2011 година (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Од Дебарско – кичевската епархија информираат дека од 7 до 10 март 2011 година, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, богослужба, а пак вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски.

Од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на богослужбите во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид.

OhridNews