По повод празникот „Светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов“, на 30 септември 2010 година – четврток) во 9 часот во катедралниот храм „Света Софија“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.












