Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14-ти јуни, петок, во манастирот Свети Еразмо Охридски, со почеток во 19.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

15-ти јуни, сабота, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews