Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27-ми август (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 17 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.

На 28-ми август (понеделник), со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј. (Едноцрквие)

На 29-ти август (вторник) во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ Плаошник, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Неракотворен образ на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско–кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.

OhridNews