По повод 180 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, на 8- ми септември,(сабота), во оваа охридска црква ќе се служи празнична вечерна богослужба, со почеток во 18.00 часот.
По завршувањето на вечерната богослужба ќе биде промо-вирана книгата „Галерија на икони при црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ од д-р Сашо Цветковски, а промотор ќе биде д-р Цветан Грозданов.
На 9 септември,(недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, Каменско ќе се служи света архиерејска литургија, по повод 180 годишниот Јубилеј од нејзината изградба, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Блеженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со Митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Повардарски г. Агатангел.
Богослужба ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид (едноцрквие).












