По повод празникот Св. Наум Охридски Чудотворец, на 5-ти јануари, недела, во манастирот „Св. Наум“, со почеток во 8.45 часот ќе се оддржи света архиерејска златоустова литургија.

По повод Бадник (коледе), света василева литургија во понеделник со почеток од 8.30 часот, ќе има во сите охридски цркви.

Во вторник, прв ден Божик во црквата „Св. Ѓорѓи“ со почеток во 8.45 часот, ќе се оддржи света архиерејска златоустова литургија. Рожденството Христово со литургија ќе се одбележи во сите охридски цркви од 8.30 часот, освен на Плаошник.

На празникот Собор на пресвета Богородица, втор ден Божик, во црквата „Св. Богородица – Челница“ со почеток во 8.45 часот, ќе се оддржи света архиерејска василиева литургија. Литургија ќе има и во сите охридски цркви, со почеток во 8.30 часот.

На 9-ти јануари, на празникот Св. Стефан, трет ден Божик, света литургија со почеток во 8.30 часот ќе има во манастирот „Св. Стефан“, во црквата „Свети Врачи Козма и Дамјан“ во Варош, како и во сите парохиски цркви во градот, освен на Плаошник, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

OhridNews