По повод почетокот на претстојните велигденски пости Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 18-ти февруари, недела,  Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица-Каменско, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие). Исто така, од понеделник до четврток, во истата црква ќе има едноцрквие.  Утрена со часови и вечерна во 7:00 часот. Големо повечерие со канонот на Св.Андреј Критски 16:00 часот.

На 21-ви февруари, среда, архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. На 23-ти февруари, петок, утрена со часови и преждеосвештена литургија со почеток во 6:00 часот. Во 16:00 часот – мало повечерие и Акатист на Пресвета Богородица.

На првиот акатист од Велигденскиот пост Неговото Високопреосвештенство Митрополит господин Тимотеј ќе богослужи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“–Каменско.

Во петок богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews