Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 19 декември (сабота), во црквата „Свети Никола Геракомија“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Николај Чудотворец Архиепископ Мирликиски“. На бобослужбата што ќе започне во 8.45 часот, ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овојпразник.
Ohridnews