По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, на 7 август 2012 година (среда) – вечерта, во манастириот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот, информитраат од Дебарско-кичевската епархија.
На 8 август 2011 година (четврток), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8.30 часот. Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи во црквата „Света Петка“ во манастирот Свети Наум Охридски, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите други парохиски цркви во Охрид.
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник, Охрид, на 8 август 2011 година (четврток) – вечерта во 19 часот, во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствувамитрополитот Тимотеј.
На 9 август 2011 година (петок), во манастриот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.