По повод празникот Обрезание Господово и Св. Василиј Велики, на 14-ти јануари света архиерејска василева литургија ќе се оддржи на Плаошник во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ со почеток од 8:45 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во Охрид со почеток од 8:30 часот.

На 18-ти јануари на празникот Водокрст, света златоустова литургија ќе се оддржи на Плаошник во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ со почеток во 8 часот. Исто така, света златоустова литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во Охрид со почеток од 7 часот.

По повод Богојавление – Водици, на 19-ти јануари света архиерејска василева литургија ќе се оддржи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско со почеток во 8 часот. Света василева литургија ќе се оддржи и во сите парохиски цркви во Охрид, освен на Плаошник.

Истиот ден, во 10 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро.

На 20-ти јануари по повод празникот Собор на „Свети Јован Крститетл“, света литургија ќе се оддржи во црквата „Свети Јован Богослов“ – Канео и во сите парохиски цркви во Охрид освен на Плаошник, со почеток од 8:30 часот.

OhridNews