Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 23-ти март, петок, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 16 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост). На Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.
На 25-ти март, недела, по повод празникот недела на „ Св.Марија Египетска“ ќе се служи света Василиева литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“–Каменско, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.
Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви.
OhridNews











