Бразилските клубови Сантош и Палмеирас ќе се судрат во финалето и ќе се борат за трофејот од Копа Либертадорес, откако во полуфиналните пресметки ги минаа ривалите од Аргентина, Бока Јуниорс односно Ривер Плата.

Сантош позитивно реми 0-0 на гостински терен, максимално го искористи на својот стадион, победувајќи ја Бока Јуниор со 3-0. Палмеирас, пак, за гол повеќе беше подобар до Ривер Плата. Во првиот меч Палмеирас славеше со 3-0, а на реваншот изгуби 2-0, пораз кој е рамно на победа.

Финалето во Копа Либертадорес се игра на 30 јануари на легендарниот стадион „Маракана“ во Бразил. Мечот ќе се игра без публика.

OhridNews