Бокс мечот помеѓу БК „Тернипе“ и БК„Чаир“ од Скопје, вчера бил прекинат поради општа тепачка на трибините. Имено откако бокс мечот што се одржувал во салата на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ бил прекинат од страна на делегатот заради измена на боксери, еден од навивачите на БК„Чаир“ заедно со двајца тренери од клубот реагирале кај делегатот. Воедно навивачот почнал да ги навредува присутните навивачи на натпреварот, по што настанала турканица помеѓу навивачите, кои фрлале со столчиња помеѓу себе и физички се пресметале. Физичката пресметка продолжиле и во дворот на училиштето, каде од страна на навивачите оштетени биле и две патнички возила.
Со цел спречување на понатамошното нарушување на редот и мирот, полицаец од службениот пиштол испукал два куршуми во воздух.
Поради задобиени повреди во физичката пресметка во Градската општа болница во Скопје лекарска помош побарале четири лица, кои потоа биле пуштени на домашно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.