Боксерот Флојд Мејведер е најплатен спортист со неверојатна заработувачка од 85 милиони евра годишно објави американскиот магазин “Форбс“.

Зад Мејведер на втората позиција се наоѓа уште еден боксер и тоа Мани Пакјо со заработка од 62 милиони евра.

На третата позиција се наоѓа голф играчот Тајгер Вудс со 59 милиони евра додека четврти и петти се Леброн Џејмс односно Рожер Федерер.

Фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам и Лионел Меси котираат “ниско“ на оваа табела.

Мх.П.