Австралиската боксерска Ебани Бриџис на мерењето пред дуелот со Шенон Кортени се појави во провокативно бикини, кое привлече големо внимание. Токму тоа и било целта на Бриџис, која рече дека женскиот бокс не е застапен во медиумите како машкиот.

Бриџис и покрај поразот од Кортени не е тажна, затоа што успеала да го сврти вниманието и да ги сруши табуата, кога се однесува за женскиот бокс.

Секојдневно добивам пораки со прашања зошто сум се одлучила за бокс, како тренирам и како се хранам, нешто што беше реткост до сега. Разговарав и со Кортени и таа ми го спомена истото. Треба добро се работи за промоција на женскиот бокс, – изјави Бриџис.

35-годишната Бриџис е професорка по математика, но боксот и е прва и најголема љубов.

OhridNews