Изминатиот викенд Охрид беше домаќин на финалето на Опен Балкан купот во бокс во чии рамки беше одржан и третиот меѓународен меморијален турнир “Алексо Огненовски”.

Пред почетокот на настанот беше одржан и еднонеделен боксерски камп во хотелот Десарет, каде заедно боксерите од Македонија и Србија ја брусеја формата за што поуспешен настап на турнирот.
Многубројните присутни љубители на боксот на градскиот кеј имаа можност да проследат педесетина витешки борби каде боксерите надмудрувајќи се во рингот ги демонстрираа својата: техничко-тактичка подготвеност, јачина, издржливост, храброст, волја и желба за победа.
Клубот Алексо Огненовски настапи со шестмина свои натпреварувачи и забележа половичен учинок, три победи и три порази.
Победи извојуваа Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Енис Алиу, додека поразени беа Андреј Мајкиќ, Христијан Стојаноски и Наум Стојаноски. Енис Алиу се закити и со трофејот најдобар техничар на турнирот.

OhridNews
























