Боксерскиот спектакл со ревијален карактер, помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс Јуниор, кој се одржа во Лос Анџелес и привлече големо внимание на светско ниво, заврши без победник.

Во осумте рунди по две минути, двајцата боксери разменија неколку добри удари, кои, сепак, беа далеку од силината и квалитетот од пред 15-тина години кога Тајсон и Џонс беа активни на боксерската сцена. Тајсон, беше нешто по активен во борбата, но не успеа да го разбие Џонс, кој во четвртата и петтата рунда имаше серија удари во телото и лицето на противникот. На крајот, тројцата судии кои дуелот го следеа онлајн ги поделија бодовите 76-76, 80-76 за Џонс, 79-73 за Тајсон и не прогласија победник.

Поголем дел од финансискиот колач од правата од боксескиот спектакл ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Боксерскиот спектакл беше организиран на високо ниво, со сите ковид протоколи и со музичка поддршка од големите ѕвезди како Снуп Дог, Лил Вејн, Виз Калифа и други.

OhridNews