Сопругата и синот на индискиот мултумилијардер Субатра Рој, ја предводат 45-члената делегација на компанијата „Сахара груп“ која е во работна посета на Македонија. Делагацијата во која има осум извршни директори на компанијата, во Охрид ќе престојува пет дена, со цел подетално да ги анализираат потенцијалите за инвестирање, особено во областа на туризмот, а интерес за Охрид пројавиле и продуценти од Боливуд, пандан на филмскиот град Холивуд.

Делегацијата со хеликоптер денеска надлетувашеа локации над Охрид и Преспа, кои неодамна ги посети Субрати Рој. Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриско развојни зони, Виктор Мизо, е оптимист дека најмногу за два месеци Македонија ќе добие конкретни понуди за соработка.

Свапина Рој, соопруга на индискиот богаташ и потпретседател на компанијата „Сахара груп“, истакна дека Охрид има голем туристички потенцијал. „Имаме доста туристички проекти и сметам дека ќе завршиме добра работа тука“, изјави Свапина Рој.
Синот на Субатра Рој, кој е придружуван од сопругата, исто така не гi криеше позитивните впечатоци од посетата на Охрид. „Прекрасно место со топли луѓе, тоа ме импресионира“, рече  Семанто Рој.

Делегацијата на „Сахара груп“ во Македонија ќе престојува до понеделник. Викендов ќе и се приклучат и неколку министри, а се очекува индијците да се сретнат и со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Субрата Рој е основач и сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар“ и се смета за  еден од највлијателните луѓе во Индија. Неговото богатство се проценува на околу 65 милијарди долари. 
OhridNews