Националното здружение „Храбро срце“ ја продолжува кампањата за подигање на свеста за органодарување.
Д-р Јасмина Спасеска Јованоска од ЈЗУ специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, преку видео порака ја изразува својата поддршка, но и ја потенцира потребата за подигнување на јавната свест за дарување органи.
Секојдневно се среќавам со пациенти, млади и стари кои се во терминална срцева слабост на кои им е потребно срце за да го продолжат нормалниот начин на живот. Денес се тие, утре може да сме и ние или некој наш близок. Затоа, мораме да ја подигнеме свеста за органодарителство на највисоко ниво. Дарувајте, да даруваме, за да имаме напредок во здравството, во животот, вели Спасеска Јованоска.
OhridNews












