Рачна  бомба од Првата Светска војна била пронајдена вчера во плиткиот дел на Охридското Езеро непосредно пред хотелот Палас, во Охрид.

Според СВР Охрид, бомбата ја забележал случаен минувач околу 7 часот утрото и веднаш потоа случајот го пријавил во полиција.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била подигната и однесена на понатамошно испитување.

OhridNews